Челзи останува без домот - Абрановиќ удри по најсветото на Мурињо
Роман Абрамовиќ сака да го зголеми капацитетот на Стенфорд Бриџ, што би можело да ги исфрли на две години од колосек, а Челзи би можел да остане без својот до за прв пат по 110 години.
Англискиот шампион Челзи би можел две години без својот дом, а како што пишува англиски Гардијан, богатиот сопственик Роман Абрамовиќ сака да го зголеми капацитетот.
Стадионот е изграден во 1876година, и го дизајнирал шкотскиот архитект Арчибалд Леич. До сега е обновуван два пати во 1905 и 1990 година, а може да прими 41.841 гледачи, што го прави девети најголем стадион во Англија.
Абрамовиќ сака да го прошири стадионот на 55.000 места, но проблем е локацијата која се наоѓа во центарот на градот, па едностано таквата можност е нереална. Но на Русинот му текна дека дополнителните седишта може да ги изгради во подрум па новиот капацитет би изнесувал околу 60.000 гледачи.
За тоа време фудбал ќе се игра на Twickenham во југозападниот дел на Лондон, каде се играат мечеви и во рагби и кој може да собере 82.000 гледачо. Целиот проект ќе чини 700 милиони евра, а прашање е што се мисли Мурињо за ваквиот потег кој е познат по тоа што домашниот терен му е светост.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа