ВИДЕО: Срамота во Пионир - Тумбас се соблече пред децата
Познатиот навивач на Партизан ги покажа гениталиите на паркетот додека најмладите фанови на црно – белите шутираа на кошот.
Кошаркарите на Црвена ѕвезда направија брејк во финалната серијана Суперлигата со Партизан и поведоа со 2:0. Сепак дербито овој пат го одбележа инцидент.
Познатиот навивач на Партизан, повторно предизвика инцидент и во полувремето на дербито ги покажа гениталиите на паркетот и тоа додека на теренот имаше деца! По инсистирањето од трибините да се соблече, тој за жал тоа и го направи. Пропустот на организаторите на мечот и редарите, кои задоцнија со реакцијата, дури по инцидентот го оддалечија Тумбас. Ова не му е прв пат да се соблече, тоа често го прави на трибините, а еднаш дури и на мечот од Евролигата пред две години.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа