ФОТО: Неверојатни резултати донесоа мечевите од Естонскиот Куп - врвот беше 36:0
Неверојатни резултати викендов имаше на натпреварите во Купот на Естонија.
Некои натпревари завршија со 20:0, некои со 14:0, но рекордот секако го постигна естонскиот прволигаш Инфонет во пресметката со аматерите на тимот од градчето Виртсу, натпревар кој заврши со 36:0.
Инфонет во првото полувреме водеше со 13:0, а во второто полувреме, или поточно за 47 минути, заедно со продолженијата постигнаа уште 23 голови.
Инаку, во Купот на Естонија играат сите тимови, од најниската лига, до најсилната, почнувајќи од првото коло, со што им се овозможува и на аматерите да имаат „пет минути слава“, но се разбира не како онаа на фудбалерите на Виртсу.
Колку и да ви изгледа убедлива победата на Инфонет, сепак таа не е најголемата во историјата на фудбалот. Најубедливиот триумф во светот на фудбалот на сите времиња, кој е запишан и во Гинисовата книга на рекорди, е оној на клубот Адема против Л’Емирн со неверојатни 149:0. Овој натпревар се одиграл на 31.окромври 2002.година во рамките од фудбалското првенство на Мадагаскар.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа