ВИДЕО: Хулиган го погоди играчот на Црвена Ѕвезда со столица по глава
Стефан Јовиќ еден од играчите кои пред помалку од една година ја однесе Србија до среброто на Светското првенство во Шпанија, се здоби со повреда откако непознат хулиган го погоди со дел од столица по глава.
Овој немил инцидент се случи на мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан.
Јовиќ ееден од играчите кои не влегуваа во игра и седеше на самиот крај на клупата, во близина на местото каде завршува заштита која гостинските играчи во овој случај кошаркарите на Ѕвезда ги штити од тоа да бидат погодени со предмет од трибините.
Се испостави дека тој бил лесна мета за некој, на кого местото не му е на спортските терени, и за жал некој кој многу веројатно ќе се извлече без казна.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа