Јотовски со најдобар ранкинг во кариерата

 

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски направи нов скок на АТП и од денеска се наоѓа на 510.место што е подобрување за 22.места во однос на минатонеделното рангирање.

Ова е најдобар рејтинг во кариерата на македонскиот тенисер.

Напредокот на Јотовски на АТП листата се должи на добрите игри и победите на фјучерсите во Босна и Херцеговина изминатите две недели.

Од другите наши играчи Димитар Грабул е на 693 место, додека Шендрит Деари, Бесир Дургути и Стефан Мицов се наоѓаат околу 1.400 место.

На врвот нема промени. Води Новак Ѓоковиќ пред Роџер Федерер, Енди Мареј, Стен Вавринка, Кеи Нишикори.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега