Адеми пред трансфер во Торино
Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми е пред трансфер во Торино, пренесуваат италијанските медиуми.
Калчолигашот заинтересиран за Адеми подготвил понуда од шест милиони евра и е сериозно заинтересиран да го доведе како засилување за средниот ред.
24-годишниот Адеми ги импресионирал Италијаните со своите настапи во еврокуповите и во Хрватската лига.
Дали следната сезона уште еден Македонец ќе заигра во Серија А ќе зависи од раководството на хрватскиот клуб со кој Адеми има актуелен договор уште три години.
Оцени ја веста
16.06.2015 - 09:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа