Црвена Ѕвезда на чекор до титулата
Кошаркарите на Црвена ѕвезда дојдоа на чекор до освојување на титулата шампион на Србија, откако во вториот меч во финалната серија го совладаа Партизан со 72:69.
Црвено-белите својата прва шанса да стигнат до трофејќот,кој го чекаат од 1998 година, ќе ја имаат во четврток пред своите навивачи.
Најефикасен во победничкиот тим беше Чарлс Џекинс, со 18 поени и пет скокови, иако имаше слаб учинок во минутажата. Од друга страна Маркус Вилијамс го заврши дуелот со 15 поени шест асистенции и три скока. Јунак на победата Никола Калиниќ не беше на свое ниво, иако уфрли 12 поени,но за неговиот погодок на 11 секунди пред крајот беше клучен за триумф.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа