УЕФА покрена постапка за расистичкиот момент на мечот Хрватска Италија

 

УЕФА отвори дисциплинска постапка за немилиот настан кој се случи на мечот меѓу Хрватска и Италија кој се одигра во петокот во Сплит. 
Ваквата одлука која ја поставија на својата интернет страница, беше покрената по инцидентот за сомнеж за расистичко однесување, поточно кукастиот крст кој што можеше да се забележи на тревникот за време на ТВ преносот.

Ова дефинитивно беше голем удар за Фудбалскиот Сојуз на Хрватска, а срамната слика ги преплави сите светски медиуми.

Нема сомнеж дека по бројните осуди од сите страни ќе следува ригорозна казна од страна на УЕФА – изјавија претходно од врвот на ХФС.

На Хрватскиот фудбалски сојуз му се заканува голема финансиска казна од УЕФА, а на репрезентацијата одземање бодови или дури и суспензија, со оглед на тоа дека се работи за повеќекратно повторување на прекршоците.

Одлуката за казната на УЕФА ќе биде донесена на 16 јули.

Повеќе прочитајте тука:

Повеќе дознајте тука:

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега