„Вориорси“ на чекор до шампионскиот прстен
Екипата на Голден Стејт се наоѓа на чекор до освојување на шампионската титула откако ноќеска пред своите навивачи го победи Кливленд со 104:91 и сега води со 3-2 во добиени натпревари.
Дуелот беше изедначен и домашните во последните минути ја создадоа предноста која им донесе победа. Екипите дури 20 пати се менуваа во водството и резултатот беше 10 пати изедначен.
Стефан Кари постигна 37 поени кај Голден Стејт (седум тројки), додека кај Кливленд Леброн Џејмс имаше „трипл дабл“ 40 поени, 14 скокови и 11 асистенции, но без ефект.
Следниот натпревар од финалната серија број 6 се игра во вторник вечер на теренот на Кливленд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа