Ново тренерско име кај Бундеслигашот Шалке
Германскиот фудбалски прволигаш Шалке денеска го назначи Андре Брејтенрејтер за нов шеф на стручниот штаб.
- Среќни сме што го најдовме вистинскиот тренер за Шалке, изјави на прес-конфернецијата што заврши пред малку, Хорст Хелдт, спортскиот директор на клубот.
Тој рече дека изборот паднал на 41-годишниот Брејтенрејтер доскорешен тренер на Падерборн и дека од него очекуваат напаѓачки, страствен фудбал и тимски дух што ќе ги импресионира навивачите.
Брејтенрејтер стана познат во 2013 година кога го презеде кормилото на Падерборн, тим со кој успеа да влезе во Бундеслигата им да обезбеди опстанок во првата сезона со многу лимитиран состав на играчи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа