Леброн Џејмс: Јас сум најдобар играч на светот
Леброн Џејмс се уште е убеден дека Кливленд може да стигне до НБА титулата, бидејќи како што вели, тој е најдобриот играч на светот.
Голден Стејт го победи Кливленд со 104:91 во петиот меч и поведе со 3:2 во финалната серија.
Уште еден монструозен меч одигра Леброн Џејмс кој постигна трипл-дабл од 40 поени, 14 скокови и 11 асистенции, но ниту тоа не беше доволно да се избегне поразот.
Иако на „Вориорси“ им треба само една победа да ја освојат титулата, кошаркарот на Кливленд вели дека неговиот тим може да го освои шампионскиот наслов.
-Убеден сум дека можеме да стигнеме до титулата, бидејќи јас сум најдобриот играч на светот, тоа е толку едноставно, изјави Џејмс по поразот во петиот меч.
Следниот натпревар од финалната серија број 6 се игра во вторник вечер на теренот на Кливленд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа