Почина поранешната бразилска фудбалска ѕвезда

 

Екс брзилскиот фубдлаер Зито кој ги бранеше боите на кариоките на Мундијалот во 1958 година и во 1962 година кога станаа и светски прваци, почина на 82 годишна возраст.
Трагичната вест ја пренесе неговиот некогашен клуб Сантос.

Зито починал во својот дом во предградието на Сао Пауло во неделата, се вели во соопштението на бразилскиот клуб, без да се наведе причината за неговата смрт.

Зито беше член на репрезентацијата на Бразил која ги освои пехарите на Мундијалите во Шведска 1958. и во Чиле 1962.година, кога во тоа време легенда на тимот беше Пеле.

Тој постигна гол во победата против Чехословачка од 3:1 во финалето на СП во Чиле.

 Зито воедно е еден од најзаслужните за создавањето на бразилските ѕвезди како што се Нејмар и Робињо.

 

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега