ФОТО: Овие десет трансфери ќе ја стресат фудбалска Европа

 

Ова се дефинитивно десетте трансфери кои се очекува да се случат во летниот преоден рок и кои за многумина ќе бидат изненадувачки.

1. Петр Чех Челзи - Арсенал

ceh-500

-Долгогодишниот прв голман на Челзи Петр Чех изрази незадоволство со својот статус во тимот, откако местото во стартната постава го осигура Тибо Куртоа. Овој 32-годишен чешки репрезентативец во летниот преоден рок ќе се пресели во тимот на ривалот Арсенал.

2. Единсон Кавани ПСЖ -Манчестер Јунајтед

kavani-500

-Уругваецот во ПСЖ пристигна од Наполи како големо засилување и може да се каже дека добро се снајде. Сепак, тој не сака да му биде сенка на Ибрахимовиќ, кој е прва ѕвезда на францускиот тим, па летово ќе го напушти ПСЖ. Манчестер Јунајтед се спомнува како најсигурна дестинација, но интерес има и од Челзи.

3. Давид Де Хеа Манчестер Јунајтед - Реал Мадрид

dehea-500

-Дабид де Хеа е мадритско дете, а конечно му се укажа шанса да застане на голот на „Кралевите“. Интерес од Реал Мадрид има, а се погласни се шпекулациите дека Манчестер Јунајтед ќе се согласи за добра сума да го продаде својот прв голман.

4. Марио Манџукиќ Атлетико Мадрид - Јувентус

mandzukic-500

-Иако претседателот на Атлетико изјави дека Манџукиќ има уште две години од договорот, сепак италијанските медиуми пишуваат дека тој е на чекор до преселба во Торино, поточно во тимот на Јувентус.

5. Анхел Ди Марија Манчестер Јунајтед - ПСЖ

dimaria-500

-Анхел ди Марија никако да ги покаже своите квалитети во Манчестер Јунајтед. Раководството на англискиот клуб не е сигурно дали сака да го продаде, или да почека малку, па според медиумите најверојатно ќе прифати едногодишна позајмица од ПСЖ.

6. Карлос Тевез Јувентус - Ливерпул

tevez-transfer-500

-Карлос Тевез сигурно ќе го напушти Јувентус, Бока Јуниорс се спомнуваше како најреална опција, но последните информации говорат дека Аргентинецот може да заврши во Ливерпул.

7. Рахим Стерлинг Ливерпул - Манчестер Сити

sterling-500

-За младиот репрезентативец на Англија интерес пројави половина Европа. Особено откако во неколку наврати одби да го продолжи договорот со Ливерпул. Реал, Арсенал и Челзи покажаа интерес, но како најреална опција се спомнува Манчестер Сити кој планира да искешира 50 милиони фунти за негово ангажирање.

8. Герет Бејл Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед

bejl-500

-Иако покажува солидни игри, сепак мора да се признае дека Герет Бејл не ги оправда целосно 100-те милиони евра. Од Реал Мадрид велат дека тој е дел од нивниот долгорочен проект, но шпанските и англиските медиуми на големо пишуваат дека Велшанецот е на излезната врата, а следна дестинација е Манчестер Јунајтед.

9. Артуро Видал Јувентус - Арсенал

vidal-500

-Кога се во прашање играчите за врска, во Арсенал минатата сезона блесна Франсис Коклен, но Арсен Венгер до него сака да има и една ѕвезда со која младиот Французин би стекнал поголемо искуство. Како големо засилување се спомнува Артуро Видал, кој по завршувањето на Копа Америка би можел наместо во Торино, да пристигне во Лондон.

10. Пол Погба Јувентус - Манечстер Сити

pogba-500

-Пол Погба е најбараната „роба“ на фудбалскиот пазар и се чини дека ќе биде ѕвезда на летниот преоден рок. Сите гиганти се заинтересирани за него, Јувентус не го пушта за мала сума, а се чини дека Манчестер Сити е во пол позиција бидејќи најмногу нуди, 80 милиони евра.

 

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега