Друловиќ: Примивме евтини голови

 

Првиот стратег на сениорската фудбалска репрезентација Љубинко Друловиќ по синоќешниот дуел со Словачка рече дека неговите избраници примија два „евтини“ гола и тоа е причината за поразот, но најави подобри игри на следните средби.

- Не пресече прв гол кој го примивме многу рано, а до крајот на полувремето направивме уште една грешка која беше казнета од домашните играчи. Во второто полувреме се обидовме да се вратиме во игра, со влегувањето на Мирко Ивановски беше внесена живост. Успеавме да намалиме на 2:1 и да воспоставиме рамнотежа, но се случи исклучувањето на Хасани во 84.минута. Се обидовме и со играч помалку да избегнеме пораз. Се надевам дека ќе биде многу подобро во следните натпревари, изјави Друловиќ

Македонија синоќа во Жилина во 6.коло од „Ц“ групата во квалификациите за ЕУРО 2016 загуби од Словачка со 2:1.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега