Беџети: Барам јавно извинување од Фазлиу или ќе поднесам пријава за клевета

 

Министерот за правда Блерим Беџети најави дека ќе поднесе пријава за клевета и навреда против пратеникот на ДПА Беким Фазлиу доколку тој во наредните три дена не искаже јавно извинување за обвинувањата дека поседувал и разделувал наркотични средства во дискотека.

- И покрај мојата слаба волја да се занимавам со ова лице кое не заслужува некој да го губи своето време со него, барам од пратеникот Беким Фазлиу во текот на следните три дена да искаже јавно извинување. Во спротивно, овие омаложувања и клевети ќе треба да ги докаже пред надлежен суд, бидејќи против него ќе биде поднесена пријава за клевета и навреда. Исто така, сакам да ја известам јавноста дека средствата од оваа клевета ќе бидат наменети за хуманитарни цели, наведува министерот во писмената изјава.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега