Мартин Несторовски ќе се бори за медал на Европските олимписки игри во Баку

 

Каратистот Мартин Несторовски ќе се бори за вториот медал за Македонија, на првите Европски олимписки игри што се одржуваат во Баку, Азербејџан.

Откако вчера, неговиот колега Емил Павлов со освоената бронза и го донесе првиот медал на Македонија на игрите, денеска иста можност ќе има и Несторовски.

Тој за место во полуфиналето во дисциплината „кумите’’ +84 килограми, се избори преку трите борби во квалификациската група, во која, првата борба победи против Спириди Маргартополус од Грција. Во втората го победи со 5:3 на поени домашниот каратист Шахир Атманов, а во третата загуби со Енес Еркане од Турција со 3:0. Во полуфиналето закажано за 13 часот и 30 минути, Несторосвски ќе се сретне со Германецот, Јохан Хорне.

Од македонските спортисти, на вториот натпреварувачки ден настапија и кајакарот Констатин Дејкоски кој заврши како последен (31-ви) во квалификациите од дисциплината К1, откако патеката ја мина патеката во време 4:02.329 минути, и беше единствен кој имаше резултат над 4 минути.

Својот настап го заврши и борачот Тимур Хамикоев кој грчко-римски стил во категорија до +85 килограми, загуби во првото коло од Хрватот, Ненад Зугарј со 4:0 на поени. 

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега