Лекарските прегледи потврдија: Миркуловски ја пропушта Чешка

 

Нов голем проблем за македонската ракометна репрезентација во пресрет на најбитниот натпревар од квалификациите. Заради незгодна повреда здобиена во средата во Сент Гален против Швајцарија, утре против Чешка нема да настапи Филип Миркуловски.  Тој во текот на вчерашниот ден се пожали на болка во мускулот, а денешните лекарски прегледи само ги потврдија стравувањата дека тој нема да може да игра утре попладне. Покрај Миркуловски, на овој меча нема да настапат и Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец, а и капитенот Кирил Лазаров е повреден и неизвесно ќе биде до самиот крај дали и колку ќе настапи.

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега