Надал во финале во Штутгарт

 

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето на АТП турнирот во Штутгарт, откако во првото полуфинале го совлада Французинот Гаел Монфис со 6:3 и 6:4.

Надал за 79 минути го надигра Монфис кој одлично сервираше, но во клучните моменти не одигра на ниво, што секако го чинеше пораз.

Шпанецот одигра многу посигурно за разлика од мечевите со Багдатис и Томиќ, па ќе има шанса по трет пат да ја освои титулата во германскиот град.

Надал во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Виктор Троицки -Марин Чилиќ.

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега