Карпош прва општина со регистар на станбени згради и управители
Карпош е првата македонска општина со регистар на станбени згради и регистар на управители на станбени згради. Регистарот денеска свечено беше презентиран пред 14-те претседатели на урбаните и месните заедници на територија на општина Карпош.
На почетокот на април годинава „Хабитат Македонија“ и општина Карпош започнаа со собирање податоци за регистар на станбени згради и регистар на управители, како и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на станбениот фонд во општината.
Оваа комплексна активност се спроведе во рамките на проектот на УСАИД и „Хабитат Македонија“ за енергетска ефикасност за секторот домување, каде општина Карпош е една од трите пилот-општини во кои се спроведува и е првата во која активностите успешно завршија.
Посебен акцент на проектот е ставен на унапредување на квалитетот на домување во колективни станбени згради.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа