Ќе се венчаат ли пред Бог? Ивановиќ и Швајнштајгер ја договорија свадбата, но не и црквата
Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер лудува по српската тенисерка Ана Ивановиќ. Како што соопштуваат српските медиуми, тој се согласил свадбата да ја прават во Србија, па минатата недела посетиле неколку места, каде може да ја направат.
По испаѓањето на тенисерката од францускиот турнир Ролан Гарос, заедно со фудбалерот стигнале во Србија, каде бираат место за свадба, а единствен проблем им претставува црковното венчавање. Ана е православна, а Швајнштајгер е католик, па најверојатно и нема да се венчаат во црква.
Фудбалерот е луд по тенисерката, па на копачките носи српско знаме и зборот „душо“, а од неодамна почна да учи и српски јазик. Со Ивановиќ се во врска од септември минатата година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа