Дневник: Заев бара избори во 2017 година
И по шест часа разговори во посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи исходот за тоа како да се дојде до веќе договорените предвремени избори остана непознат. Иако имаше најави дека брсилеската средба ќе трае најмногу шест часа поради агендата на еврокомесарот, сепак тие се одолговлечија.
Дневник повикувајќи се на неофицијални информации објави дека причината била во опозицискиот лидер кој на преговарачката маса барал одржување на предмените избори дури за две години. Поради долгите разговори, Хан дури си ја „жртвуваше“ и претходно најавената агенда и го откажа својот вечерашен попладневен лет за Босна и Херцеговина. Според Дневник разговорите се одолговлечиле поради тоа што Заев на средбата побарал предвремените избори да се одржат дури во 2017 година, односно со локалните избори. Тоа и од Брисел и од владејачки кругови се отфрла како непожелно решение бидејќи значи дека целата држава и економија две години треба да биде во застој. И понатаму важи непишаното правило што посредно го испраќаа од Брисел, дека доколку некоја од страните не го испочитува договореното европските авторитети ќе го сметаат за одговорен за застојот на евро-атлантските интеграции на Македонија. Причината, како што јавува дописникот на МИА, е што ЕК веќе работи на прогрес- извештајот за Македонија, кој се очекува да го издаде на 13-ти октомври, и дека без политички договори извесно е дека ќе нема препорака за отворање на пристапните преговори, што ЕК го правеше изминатите шест години.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа