Марадона: Имам големи шанси да станам потпретседател на ФИФА
Диего Марадона се надева дека ќе биде поставен на местото потпретседател на ФИФА доколку јорданскиот принц Али бин Хусеин го превземе челото на светската фудбалска организација.
„Доколку Ал Хусеин победи имам големи шанси да станам потпретседател“, вели асот.
„Доколку тоа се случи ќе ја исчистам корупцијата во ФИФА“, рече Марадона.
Швајцарецот Сеп Блатер одлучи да го напушти местото претседател на ФИФА само неколку дена по победата во изборната трка над Ал Хусеин кој што се споменува како кандидат.
Јорданскиот принц се уште не одлучил дали повторно ќе се кандидира, но претходно имаше поддршка ширум светот, па и од конкурентите Луис Фиго и Михаел ван Праг.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа