Мурињо веќе го претстави Фалкао како засилување во клубот

 

 Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо за англиските медиуми говореше за Радамел Фалкао како веќе да потпишал за англискиот шампион.

- Ако можам да му помогнам да се врати во старата форма, тоа ќе го направам. Ме боли тоа што јавноста мисли дека тоа е вистинскиот Фалкао. Ќе видиме колку е тој способен и се што може да направи, рече Мурињо.

Се очекува Фалкао во новата сезона да биде позајмен на Челзи, а покрај него Мурињо побара уште две засилувања и тоа на позицијата играч за врска, како и стопер.

Фалкао минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Манчестер Јунајтед, по што требаше да се врати во неговиот клуб Монако.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега