Гром удри во фекалната пумпена станица во Горно Лисиче, можно излевање на фекалии
Поради удар на гром во среда дојде до дефект на фекалната пумпена станица во селото Горно Лисиче.
Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека нивни екипи интензивно работат на отстранување на дефектот, но ако поради непредвидени работи тоа потрае, можно е да дојде до излевање на фекалната канализација во реоните на населбите Лисиче и Аеродром.
Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за воздржаност и разбирање и ако е тоа можно, што помалку да ја користат водата.
Оцени ја веста
10.06.2015 - 21:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа