Ибрахимовиќ се враќа во Милан

 

Најдобриот фудбалер на францускиот шампион, Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ е блиску до трансфер и враќање во екипата на Милан, пренесува италијанската телевизиска станица „Скај Спорт’’.

Договорот на шведскиот репрезентативец со француската екипа истекува следното лето, а самиот Ибрахимовиќ веќе неколкупати искажа желба да се врати на „Сан Сиро’’.

Според „Скај Спорт – Италија’’, менаџерот на Ибрахимовиќ, Мино Рајола, веќе ги започнал преговорите со директорот на Милан, Адријано Галијани, кој наводно е подготвен на Швеѓанецот да му понуди три годишен договор.

Ова е веќе четврти клуб што во последните десетина дена се поврзува во Ибрахимовиќ, откако претходно англиските медиуми најавија интерес од премиер лигашите Челзи, Ливерпул и Арсенал.

Во текот на кариерата Златан Ибрахимовиќ, ги носеше дресовите на: Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан, од кој во 2012 година мина во редовите на Пари Сен Жермен, тим за кој минатата сезона настапи на 35 натпревари и постигна 30 голови. 

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега