Саша Чириќ менаџер на репрезентацијата на Македонија
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го назначи поранешниот македонски репрезентативец Саша Чириќ за технички менаџер на А репрезентацијата на Македонија. Тој доаѓа на местото на Илија Најдовски.
Воедно, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои измените и дополнувањата на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери и го усвои новиот стандарден договор за професионални фудбалери, информираат од ФФМ.
Усвоените измени и дополнувањасе во насока на усогласување на актите на ФФМ со барањата и критериумите на УЕФА и ФИФА од оваа област.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа