Каратистот Емил Павлов ќе го носи македонското знаме на ЕИ БАКУ 2015

 

Првата група на македонски спортисти и официјални лица, во борење, карате и кајак предводени од шефот на делегацијата, Владимир Богоевски, вечерва заминува за Баку.

По тој повод во просториите на МОК, денес се одржа прес конференција на која беа претставени и спортистите кои први ќе заминат за Баку, а присутни беа и преставници од останатите Национални спортски федерации, учесници на ЕИ БАКУ 2015.

Каратистот Емил Павлов ќе ја има честа да го носи македонското знаме на отварањето на првите ЕИ БАКУ 2015.

Од страна на претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски беше соопштена информацијата дека за златен медал на ЕИ, освојувачите на медалите ќе бидат наградени со парична награда во износ од 4.000 евра, за сребрен медал ќе добијат 2.500 евра и за бронзен медал 1500 евра.

Финансиски награди ќе има и за другите спортисти кои ќе освојат висок пласман на ЕИ БАКУ 2015. Од овие награди се исклучени атлетика (учествува трета лига) како и малолетните спортисти (пливање).

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега