Сите информации за „Македонија вработува“ пред Бисер
Вечер во периодот од 18 до 21 часот тимови на Агенцијата за вработување на Република Македонија на штанд поставен пред ТЦ Бисер во општина Аеродром на заинтересираните граѓани ќе им даваат информации за поволностите што ги нуди проектот „Македонија вработува“.
Преку овој проект за нешто повеќе од еден месец, колку се спроведува, работа добиле повеќе од 1.600 лица, од кои деведесеттина постари од 58 години.
Со овој проект се подобрува вработиливоста на огромен број на невработени лица во нашата држава. Со него ќе може да се вработат оние коишто се до 35 години старост, а се само три месеци невработени. За нивно вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа.
За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа.
За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, а за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање на придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа