Вермален мора да го врати медалот од ЛШ

 

Томас Вермален стана хит на интернет по финалето во Лигата на шампиони.

Имено, тој освои три титули со Барселона иако настапи на само еден натпревар.

Притоа, поранешниот дефанзивец на Арсенал не одигра цел меч. Во последното коло против Депортиво на теренот беше 63 минути, што значи дека трофеите во просек ги освојувал на секои 21 минута.

Сепак, за белгискиот дефанзивец од УЕФА стигнаа лоши вести и тоа откако се закити со најпрестижниот медал.

Тој ќе мора да го врати медалот кој го доби откако Барселона ја освои Лигата на шампионите.

Според правилата на УЕФА, белгискиот фудбалер нема доволен број на одиграни мечеви во ова натпреварување (бројот е нула) за да се смета дека имал свој придонес во освојувањето на трофејот, па медалот ќе му биде одземен.

Сепак, Вермален не е единствен. Во шампионскиот поход на каталонскиот тим не учествувале голманот Клаудио Браво и бразилскиот дефанзивец Даглас Переира.

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега