Шиков го пропушта дуелот со Словачка

 

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков поради повреда на градниот мускул нема да биде во комбинација за настап во натпреварот против Словачка.

- Еден од најискусните дефанзивци во националниот тим индивидуално тренираше во првата фаза од подготвителниот период, а по синоќешниот тренинг стана јасно дека повредата и болката во градниот мускул му создава проблеми и не е во можност да настапи на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство, информираат од таборот на репрезентацијата.

Селекторот на А репрезентацијата, Љубинко Друловиќ денеска ќе ги има на располагање сите други фудбалери. Ферхан Хасани, досегашниот член на Брондби последен му се приклучува на тимот. Интернационалците од Полска, Александар Тодоровски од Заглебје и Остоја Стјепановиќ од Висла Краков вчера му се приклучија на националниот состав.

„Црвено-жолтите“ до 11 јуни ќе се подготвуваат во Скопје, а потоа патуваат за Словачка.

Натпреварот во Жилина се игра на 14 јуни со почеток во 20:45 часот.

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега