Изградбата на општинскара зграда во Ѓорче Петров според предвидениот план

 

Новата Општинска зграда во Ѓорче Петров се гради по предвидениот план, информираат од општината.

-Градежниците од АД„Карпош"  работат на финализирање на хидроизолациската подлога и се врши армирање на темелната плоча. Во текот на ископот изведувачите наидоа на сериозен проблем со преусмерување и испумпување на енормната количина на подземна вода која правеше сериозни проблеми. Но, сепак и покрај непредвидените проблеми работите тргнаа со забрзано темпо и се очекува овој објект кој во иднина ќе претставува препознатлив белег во општината, соопштуваат од општина Ѓорче Петров
 
 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега