ФИБА ја суспендира МКФ поради АБА лигата?!
Според пишувањето на „Новости“, сите сојузи кои ја поддржале АБА лигата ќе бидат суспендирани од страна на ФИБА.
Тоа практично значи дека на репрезентациите на тие сојузи ќе им биде забранет настап на сите натпреварувања под палката на ФИБА.
Клубовите кои ја поддржаа АБА лигата, сите 11, меѓу нив и МЗТ Скопје, ќе мораат писмено да ја повлечат поддршката, во спротивно нивните национални сојузи, воедно и МКФ ќе сносат големи последици.
За потсетување, клубовите кои ја поддржаа АБА лигата, без разлика на тоа што челниците целосно не ја префрлиле сопственоста на клубовите се Цибона (Хрватска), Олимпија и Крка (Словенија), Игокеа (БиХ), Будуќност (Црна Гора), МЗТ Скопје (Македонија) и Партизан (Србија). Овие екипи го потпишаа соопштението по состанокот во Љубљана со челниците на АБА лигата, а истото го сторија Металац и Мега Лекс (Србија) иако не беа присутни на состанокот, но испратија соопштение со кое изразија поддршка за АБА лигата.
ФИБА во неколку наврати бараше од АБА лигата да им испрати комплетна документација околу сопственоста, но челниците на регионалното натпреварување тоа упорно го одбиваа, па ФИБА го укина признавањето на оваа лига.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа