Зошто го прекинаа натпреварот помеѓу Ѓоковиќ – Мареј?

 

 

Полуфиналниот дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј на Ролан Гарос ќе се доигра утре пред женското финале, откако вечерва мечот е прекинат поради темница и најава за лошо време.

Во моментот на прекин Ѓоковиќ води со 2:1 во сетови, а во четвртиот сет резултатот е 3:3 во гемови. Мечот ќе продолжи утре во 13 часот.

Првите два сета ги доби Ѓоковиќ со 6:3 во гемови, а Мареј го доби третиот сет со 7:5 во гемови кога за првпат во мечот имаше и брејк топка.

Прв финалист на Ролан Гарос е Стан Вавринка, кој со 3:1 во сетови го победи Жо-Вилфред Цонга.

Женското финале меѓу Серена Вилијамс и Луси Сафарова е закажано да почне во 15 часот.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега