Ќе ѕвони од насмевки, игра и смеа - големо отворање на најзабавниот парк во градот
Аква-паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ под полна пареа се подготвува за третатасезона.
На 10-ти јуни, среда, ќе се случува големо отворање на најзабавниот парк во градот, Аква Парк кој е среќа за сите големи и мали.
Големата After School Party ќе се случува во среда, 10-ти јуни, точно на пладне, каде што ќе Ѕвони од насмевки, џагор, смеа, забава и мнооогу изненадувања. Сите правци ќе водат кон местото кое во текот на целото лето ќе лади и освежува, забавува и изненадува.
Посетителите и оваа сезона ќе можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река.Аква-паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот. За безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.
Билет за Аква Парк ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30%.
Во рамки на аква-паркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.
10 јуни, точно на пладне, сите правци ќе водат кон Аква паркот во Спортскиот Центар Борис Трајковски на After School Party.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа