ВИДЕО: Од Торино до Берлин со велосипед само за да биде со својот Јуве

 

Николо де Марки ќе помине речиси 1100 километри пеш и на велосипед во чест на настапот на Јувентус во финалето на Лигата на шамионите во Берлин.

Толкава е одалеченоста помеѓу „Јувентус Арена“ и Олимпискиот стадион во Берлин.

Овој голем фан на „Старата дама“ му понудил предизвик на Јувентус и на клупскиот Твитер профил напишал дека пеш и со велосипед ќе помине 1100 километри од Торино до Берлин во замена за влезница за финалето. Претседателот на тимот Андреа Ањели го прифатил предизвикот.

stadioni-odalecenost-500

Иако се изложува на голем физички напор, сепак Николо има голема поддршка од твитерџиите и одговорните во клубот, па најверојатно ќе успее да ја оствари целта.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега