Јувентус без Kјелини во големото финале во ЛШ против Барса

 

Андреа Барзаљи ќе биде играчот кој ќе се најде во првиот тим на Јувентус во големото финале во ЛШ против Барселона, откако стандарднот Џорџо Кјелини поради повреда ќе отсуствува од стандардната дефанзивна линија. Италијанецот на тренинг го повреди мускулниот лист на левата нога, а прегледите со магнетна резонанца покажале дека има оштетување, што значи дека нема да му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри.

Тоа значи дека во сабота во Берлин нема да има блиска средба на теренот помеѓу Кјелини и Суарез. За потсетување, минатата година на СП во Бразил, Уругваецот го гризна италијанскиот дефанзивец поради што заработи суспензија.

Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Барселона се игра во сабота со почеток во 20:45 часот.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега