Ирците примиле пари од ФИФА да молчат за голот на Анри со рака
Последните информации кои ги здрмаа темелите на ФИФА најпрво со корупцијата во врвот, говорат дека Ирска е земјата која примила пари во висина од пет милиони евра од страна на ФИФА за молк за голот на Анри со рака со кој репрезентацијата на Франција го постигна за понатамошен пласман на СП во Јужна Африка во 2010 година.
Овој момент го одлучи победникот, а веднаш потоа се разбира Ирците се жалеа за неправдата, но ФИФА се одлучи ситуацијата да ја реши на друг начин односно со пари.
-Асоцијацијата доби уплата за да не покренеме тужба, изјави Дилејни.
Оцени ја веста
05.06.2015 - 09:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа