Македонски спортист позитивен на текст за допинг

 

Македонскиот олимписки комитет информира дека добиле еден позитивен аналитички наод откако направиле ненајавена допинг контрола на 10 македонски спортисти.

На 4 Мај 2015 година, Македонскиот олимписки комитет побара ненајавена, надвор од натпревар, допинг контрола на 10 спортисти кои требаше да бидат дел од екипата на МОК, која ќе настапи на Европските игри Баку 2015. Од направените тестови еден бил позитивен, информираа денеска од МОК.

- Во соработка со Националната анти-допинг комисија, беа земени примероци од 10 спортисти, а по завршување на анализата на резултатите, направена во акредитираната лабораторија во Сиберсдорф, Австрија, беа добиени девет негативни и еден неповолен аналитички наод кој наведува дека постои претпоставен прекршок на анти-допинг правилата. Сите правни процедури се превземени и наскоро, конечната одлука ќе биде јавно достапна, информираат од МОК преку својата официјална интернет страница.

На првите Европски олимписки игри во Баку, Азербејџан требаше да учествуваат 43 македонски спортисти во девет спортови, но по позитивниот тест на еден од нив неизвесна е конечната бројка.

Игрите ќе се одржат во периодот од 12 до 28 јуни.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега