Уживајте во спортот - отворање на игралиштата на градската плажа „Парк“

 

Од денеска ќе почнат да работат одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“. Како што соопшти Град Скопје, граѓаните можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на одбојкарското и на ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.

Спортските терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден  од 10 до 24 часот. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од еден час.

Користењето на терените на игралиштата може да се закаже на телефоните : 02/ 3297 – 238 и 02/ 3297 – 320 до 16:30 часот секој работен ден или на самото игралиште во наведениот период.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 09:25
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега