Трговски двојно поголем од Сити Мол ќе никне во Скопје - 2000 нови вработувања

 

Бугарската компанија ИСА 2000 ќе гради трговски центар во непосредна близина на аеродромот Александар Велики, а станува збор за инвестиција вредна 50 милиони евра, која ќе отвори 2000 вработувања. Како што пишува ВЕЧЕР, се работи за трговски кој ќе биде двојно поголем од Сити Мол. 

Според најавите на инвеститорот планот е во завршна фаза и се однесува на голем луксузен балкански мол со големина од 200 илјади квадратни метри во кои се планирани 2000 вработувања. 

Во Петровец италијанска компанија гради и приватна болница со врвна опрема за пациенти од Македонија и соседните земји. Градоначалникот очекува со најавените капацитети не само комплетно да се реши невработеноста во општината туку да работа да најдат илјадници луѓе од поширокиот регион на Скопје.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 15:04
Фото: 
вечер

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега