„Министерот за правда Беџети фатен со пиштол и со дрога во клуб во Скопје“
Не е разрешен случајот со клубот Шери во центарот на Скопје. Пратеникот и координатор на пратнеичката група на ДПА во Собранието, Беким Фазлиу денеска поставувјаќи пратеничко прашање до министерката за внатрешни работи, обвини дека во случајот „Шери“ бил инворлвиран и министерот за правда, Блерим Беџети, односно дека бил фатен со пиштол и со дрога во клубот, а за тоа не бил информирана јавноста, пренесе Либертас.
Беким Фазлиу од ДПА, со поставувањето на пратеничкото прашање, и покрај желбата да дискфалификува, само потврди дека МВР не прави компромис кога станува збор за евентуално прекршување на законите. МВР во соработка со надлежните инспекции на 21 јуни, околу 02 часот наутро, изврши детална, координирана акција. За утврдените неправилности се преземени соодветни мерки, изречена е глоба од 3.250 евра, поднесени се пријави за несоодветното работење, клубот е времено затворен. Соодветно е постапено и со лицата кај кои не се пронајдени документи за идентификација, со малолетниците кои пиеле алкохол, со обезбедувањето кое немало документ како потврда дека е за тоа ангажирано, со лицето кај кое е пронајдено оружје без дозвола. Случајот е целосно расветлен, сите шпекулации и политички обвинувања нема да ги коментирам зашто тоа е надвор од надлежноста на МВР“ - рече Јанкулоска