Да им помогнеме на пет дечиња - хуманитарен концерт за семејството Кочоски
Виолета Томовска, Благица Павловска, Јордан Митев, Ефто Пупиновски, Милица Кузмановска, Круме Спасовски и Дејан Добрески ќе настапат на хуманитарен концерт посветен на семејството Кочоски од Скопје.
За ово сиромашно седумчлено семејство (родители и пет малолетни деца, од кои едно шестмесечно бебе), кое живее во населбата Драчево, на хуманитарниот концерт ќе настапат и културно-уметничките друштва „Гоце Марковски“, „Фолклорни бисери“, „Кочо Рацин“ и „Студио Фолклор“.
Концертот ќе се одржи на 14-ти јуни во спортската сала „Македонско сонце“ во основното училиште „11 Октомври“ (спроти полициска станица Пролет), а ќе трае од 13 до 15 часот.
Влезницата на концертот, како што информира организаторот музичкото училиште „Игор Продакшн“, е 100 денари и може да се купат во „Југотон“. Собраните пари ќе бидат наменети за семејството Кочоски, на кои треба да им се обезбеди кров над глава или доколку институциите помогнат во нивно сместување со обезбедување социјален стан, тогаш собраните пари ќе се пренаменат за купување покуќнина.
Засега единствен генерален спонзор на хуманитарниот концерт е Фабриката за перници и постелнина „Донитекс“ од Свети Николе.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа