Четврта титула во низа за МЗТ Скопје Аеродром
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани шампионската титула во кошаркарскиот шампионат на Македонија. До четвртиот трофеј во низа МЗТ Скопје стигна со убедливи 3:0 во победи во финалето на плеј-офот против екипата на Куманово.
На средбата одиграна вечерва во СЦ „Јане Сандански’’ кошаркарите на МЗТ Скопје го победија Куманово со 94:85 и ја забележаа третата победа, вредна шампионски трофеј.
Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Предраг Самарџиски кој средбата ја заврши со „дабл-дабл" учинок од 22 поени и 11 скокови, додека кај гостите Вукашин Мандиќ постигна 23.
Ова е севкупно и четврти трофеј првак на Македонија за МЗТ Скопје во неговата клупска историја, а Куманово и по втор пат во финалето не успева да ја освои титулата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа