Топлото време го направи своето - единаесет колапси за еден ден

 

Единаесет колапси за 24 часа. Скопјани испопаѓаа од топлото време на кое му претходеа ниски температури. Според информациите на zdravstvo24.mk екипи на Брза помош интервенирале кај граѓани кои се онесвестиле додека чекале во банка, некои во пошта а има и такви кои поради горештините паднале на улица. Најголем број од нив се хронични пациенти и постари од 60 години.

-Времето си го прави своето. Има многу со низок крвен притисок, што најверојатно е причина за колапсите. Станува збор за гражани кои веќе си имаат претходни болести и затоа мора да внимаваат во периодор на излегување. Нема потреба тоа да биде  во најтолиот период на денот.  Доколку е неопходно, тогаш граѓаните мора да бидат заштитени со капа, наочари, светла облека и секако да пијат многу течности, вели за zdravstvo24.mk Анита Димоска раководител на Брза Помош Скопје.

Повеќе на Здравство 24

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега