Металург бара помош за да го победи Вардар
Големо ракометно дерби вечерва- екипата на Маталург против екипата на Вардар.
Управата на Металург реши да побара помош од навивачите за да ги урне поквалитетните „црвено-црни“ кои се на чекор до освојување на шампионската титула.
„Во својата долга историја сме биеле многу битки, многу од нив беа и решавачки. Некои од нив сме ги загубиле, многу почесто завршувавме како победници. Понекогаш победувавме со својот квалитет, понекогаш со своето срце. В недела е еден од тие натпревари кои се решавачки, в недела ни треба успех. Свесни сме дека квалитетот е на страна на Вардар, но имаме срце, имаме желба и ќе се бориме до последната минута. Драги фанови, на Металург му треба вашата поддршка, му требате вие. Без разлика на случувањата во минатото, ве покануваме да дојдете в недела и да ни ја дадете вашата поддршка. Сите, на кои Металург им е во срцето, дојдете на средбата со Вардар“, стои на официјалниот сајт на тимот.
Натпреварот меѓу Металург и Вардар се игра денес од 16:30 часот во салата „Автокоманда“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа