Волфсбург со пресврт против Борусија Дортмунд до трофејот во Купот

 
Волфсбург е победник во фудбалскиот Куп на Германија, откако синоќа беше поуспешен во финалето против Борусија Дортмунд со 3:1.
 
„Милионерите“ од Дортмунд иако први дојдоа во водство уште во 5. минута преку Пјер-ЕмерикОбамејанг сепак не успеаја да триумфираат, па останаа без пласман во Лига Европа.
 
Пресвртот го најави Луис Густаво во 22.минутаКевин Де Бруин во 33.минута му донесе водство на Волфсбург, а конечните 3:1 ги постави Бас Дост во 38.минута.
 
Финалето на „Олимпискиот Стадион“ во Берлин беше последниот натпревар за Јирген Клоп како тренер на Борусија Дортмунд.
 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега