Град Скопје заработи награда за имплементација на ГДИ решенија

 

Претставници од  Сектотот за информатички технологии и модернизација на Градот Скопје зедоа учество на форумот GdiSolutionUserForumSpring 2013 кој се одржа на 20. и 21. јуни во Опатија, Република Хрватска.

 -На овој форум Град Скопје доби награда за имплементација и користење на ГДИ решенија за локална самоуправа. Наградата е резултат на континуираната работа на полето на географски информационен систем (ГИС) од Одделението за ГИС при Секторот за информатички технологии и модернизација на Град Скопје. Работата на ова поле резултира со имплементирање на ГИС во работата на администрацијата на Град Скопје во 2007 година, во повеќе развојни фази во континуитет преку воведувањето на многубројни апликативни решенија корисни за граѓаните, бизнис секторот и за администрацијата, информираат од Град Скопје.

 

 За време на Форумот, каде учествуваа голем број  претставници од различни единици на локалната самоуправа од Централна и од Југоисточна Европа, стручна презентација одржа раководителот на Сектотот за информатички технологии и модернизација на Градот Скопје, Оливера Јакшиќ-Транталовска на тема „GDiLOCALIS како сервис за граѓаните во Град Скопје".

 

 GDiGISDATA е компанија формирана во 1989 година и е пионер и лидер во имплементирањето на ГИС технологиите во Централна и  во Југоисточна Европа.

 

ГДИ решенијата за локална самоуправа (GDiLOCALIS), сферата каде е награден Градот Скопје, се решенија кои се во насока на развивање на услугите во локалната самоуправа. Овие решенија се имплементирани во над 50 градови и региони во Централна и Југоисточна Европа, како што се Градот Скопје, градот Загреб, Дубровник, Опатија, Љубљана, Белград, Нови Сад, Тирана, Приштина и многу други, стои во соопштението од Град Скопје.

 

 

најчитано сега