Пике: Не можам да замислам да носам друг дрес освен оној на Барселона

 

 

Играчот на Барселона Жерар Пике сака да остане во каталонскиот клуб до крајот на неговата кариера.

- Ќе се пензионирам во Барселона. Не знам кога, колку сум постар толку сум подобар. Сум сигурен во тоа. Јас не можам да се замислам да носам некој друг освен на Барселона. Ако следната година видам дека не сум во комбинација ќе се откажам од фудбалот на свои 29 години. Овој спорт го поврзувам само со Барселона, изјави Пике.

Каталонците во наредните десетина дена ги очекува две финалиња, во домашниот Куп со Атлетик Билбао, а потоа со Јувентус во финалето
на Лигата на шампионите.

Пике е убеден дека неговиот тим ќе ги освои двата трофеја.

- Не запираме. Одиме на двата натпревара по трофеите. Во одлична форма сме на крајот од сезоната за која можам да кажам дека имаме
квалитет да ја направиме совршена за нас, додаде 28-годишниот Пике.

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега