Суарез пред преселба во Милан

 

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Марио Суарез е многу блиску до трансфер во  Милан, пишуваат шпанските медиуми.

Според информациите кои доаѓаат од Мадрид, во шпанскиот главен град веќе била остварена средба меѓу менаџерот на  играчот, раководството на неговиот клуб и Адријано Галијани, потпретседателот на Милан.

Се очекува Суарез наскоро да потпише за Милан, по што Атлетико Мадрид би добил оштета од 12 милиони евра.

Заедно со Суарез од Атлетико во Милано би можел да отиде и хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега