Друловиќ: Мораме да ја вратиме довербата кај навивачите
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Љубинко Друловиќ посакува добар натпревар во квалификациите со Словачка и враќање на довербата кај македонската јавност.
- Мислам дека можеме да одиграме добар натпревар против Словачка. По серијата лоши резултати мораме да ја вратиме довербата кај македонската јавност. Ќе се обидеме на најдобар начин да ја претставиме нашата репрезентација против Словачка. Се надевам дека со квалитетни подготовки и максимално залагање можеме да одиграме за поволен резултат. Тимски мораме да бидеме силни, за мене тоа е најважно, вели Друловиќ.
Српскиот стручњак кој денеска го соопшти списокот на фудбалери за средбата во Жилина, верува дека од септември на располагање ќе го има и Горан Пандев.
- Разговарав со Пандев за враќање во селекцијата. Тој имаше тешка сезона во Турција, во овој момент не е подготвен да се врати во националниот тим. Ќе разговараме повторно кога ќе започне новата сезона и кога ќе се врати во Италија во Џенова и се надевам дека од септември повторно ќе го имаме на располагање. Пандев ни значи многу и неговото присуство би било од огромно значење, изјави Друловиќ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа